Невремето се приближува кон Македонија. На српската интернет страница „vremeradar“ можеме да видиме кога точно опасниот облак ќе стигне во Македонија.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека невремето со интензивен дожд за кратко време, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град, најавено за попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад, можно е да дојде до поројни истекувања на помалите водотеци и суводолици и до несакани излевања на водите, кои би можеле да предизвикаат локални проблеми како на крајбрежјето, така и на патната инфраструктура, на одредени места можна е и појава на свлечишта и одрони. Како што се додава, генерално не се очекуваат интензивни врнежи како на северозапад на Балканскиот Полуостров, но, сепак, достапните модели најавуваат врнежи на целата територија на државата.
Од УХМР препорачуваат внимателно движење, особено покрај реките и суводолиците, поради можна појава на опасни води и свлечишта.
Според најавата од синоптичарите, попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад, облачноста ќе се зголемува и времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, на места во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.
https://www.youtube.com/watch?v=xLJI9wsbEBo&ab_channel=Ohrid1%2FNews1