АктуелноОхрид

Подводно чистење на Охридското Езеро кај Радожда

Нуркачките клубови „Норкач“ и „Скаут“ од Струга в сабота органзираат подводно чистење на Охридското Езеро кај селото Радожда.

Според информацијата на клубовите, предвидено е чистење на брегот на Охридското Езеро во вода и на копно во должина на Радожда.

– Во вода ќе влезат искусни нуркачи, придружувани од кајчиња на кои ќе се собере целото ѓубре што ќе се извади од езерото. Акцијата е поддржана од јавното претпријатие „Комунално“, кое со свои возила ќе го соберат сметот и ќе го однесат до крајната дестинација за одлагање, посочуваат од клубот за подводни активности „Норкач” и нуркачкиот клуб „Скаут“.

За чистење на плажата и крајбрежјето, посочуваат дека може да учествува секој, додека за подводното чистење само лица кои поседуваат лиценца за нуркање.

– Ве покануваме да бидете дел од акцијата, сите заедно со личниот придонес, можеме да направиме значајна разлика во заштитата на нашето Охридско Езеро. Охридското Езеро е Светско културно наследство и е најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија. Од тука, обврската и одговорноста за зачувување на она што сме го наследиле е на сите нас, велат од двата нуркачки клуба во Струга.

фото: Архива