Охрид

Четворица млади ракометари префрлени во сениорскиот погон на ГРК Охрид!

Јулијан Maтески, Лука Лангоски и Наум Речкоски од младинскиот погон на ГРК Охрид се приклучија на подготовките на сениорската екипа за претстојната натпреварувачка сезона 2023/24.
Со нив во првиот тим на ГРК Охрид е приклучен и Матеј Петревски од Вардар Неготино кој кариерата реши да ја продолжи во охридскиот суперлигаш.