На 24.07.2023 во 19.36 часот во СВР Охрид било пријaвено дека на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на Прентов мост, се случила сообраќајна несреќа помеѓу три товарни возила, „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 56 годишен Охриѓанец, „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од 47 годишен жител од Велес и „мицубиши“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 43 годишен жител од Охрид ,информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „мицубиши“, 41 годишен жител од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
извор: СВР Охрид