АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) ЈП Макеоднија пат кочечно увиде дека булеварот Св. Наум Охридски е во мрак, па утрово променуваат светилки

Голем дел од булеварот Св. Наум Охридски среде сезона беше во мрак. Станува збор за регионален пат, за кој за одржување и заштита одговорни е ЈП Македонија пат. Па може да се каже дека добро е што одговорните од ова ЈП се досетија дека булеварот е многу прометен па истиот мора и да биде добро осветлен.

Инаку, оваа патна делница е позната и како булевар на „смртта“, поради честите сообраќајни несреќи каде животите ги изгубија десетици лица. Охриѓани често кажуваат дека се вози пребрзо со оглед на тоа дека станува збор за населено место каде брзината е ограничена на 60 километри на час, па апелираат да се постават забавувачи на брзина. Но, овој апел сеуште никако да стигне до ЈП Макеоднија пат.

Но, добро е, барем увидоја дека булеварот е многу темен, па денеска сред сезона се зафатија со работа па ги променуваат светилките од јавното осветлување.

 

извор: Охрид 1