АктуелноОхрид

СВР со засилени контроли, затекнати 19 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол

На 23.07.2023 година од 00 до 05 часот, на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полицските службеници затекнале 19 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-11, Струга-01, Кичево-03, Дебар-04). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

извор: СВР Охрид