АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Ревијална веслачка регата со традиционални охридски кајчиња

Веслачки клуб “Горица Ремо” од Охрид објавува:

ПОВИК

За учество на ревијална веслачка регата со традиционални метални кајчиња, која ќе се одржи во Охрид, на 27 август 2023 година со почеток во 17:00 часот. Регатата ќе биде завршен настан на фестивалот на водните спортови кој ќе се одржи во периодот од 18 до 27 август 2023. Регатата ќе се одржи во близина на охридскиот кеј, на потегот од каналот до пристаништето.

Пропозиции:

Трките ќе се одржат во машка и женска конкуренција во 2 категории, и тоа:
едносед, со должина на кајче 4-4.5 метри
двосед, со должина на кајче 5-6 метри

Награден фонд:

за I место: 5000 денари и резба традиционален охридски чун
за II место: 3000 денари
за III место: 2000 денари

Пријавување на email: gorica.remo@gmail.com

Телефон за контакт: 078472482

Краен рок за пријавување: 19 август 2023 година