Наш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Активности на Црвен крст за заштита од топлотен бран

Црвен крст Охрид продолжува да реализира активности посветени на едукација за заштита од топлотен бран.
????????????Во изминативе неколку дена, нашите волонтери им поделија вода и флаери со совети за заштита од топлотниот бран на членови на Здружението на пензионери, како и на повеќе граѓани кои ги сретнаа низ градот.
????‍⚕️????‍⚕️Исто така, дистрибуирани беа и материјали со препораки за заштита од топлото време коишто се наменети за матичните лекари.
✅Овие активности на Црвен крст Охрид ќе продолжат и во текот на следните денови.