четврток, ноември 28, 2024
АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Алексијоски: Колекторот функцира – бидите спокојни, извештајот од ИЈЗ се толкува погрешно

Во Охридското езеро се испуштаат фекалии, колекторскиот сиетм не функционира… се само дел од насловите кои денеска се тема број еден во медиумите. Новинарите која ја пренесуваат оваа вест, се повикуваат на извештајот од Центраот за јавно здравје. Спротивно на ова директорот на Директорот на ЈП Колекторски систем, Владимир Алексијоски за Охрид 1 вели Колекторот функцира бидите спокојни. Граѓаните туристите и посетителите можат слободно да ја користат водата од Охридското Езеро. Нема шанса да дозволиме Езерото да биде загадено затоа што лично јас, фамилијата моја и охриѓани пиеме вода од Охридскот Езеро.

Тој за Охрид 1 коментирајќи ги овие натписи вели дека извештајот на Центарот за јавно здравје се толкува многу погрешно.

„Со сигурност можам да кажам дека извештајот на Институтот за јавно здравје се толкува многу погрешно. Во точките кои се ставени како загадувачи под точка 10 е наведено цитирам: „Хотел Десарет, автокам Градиште, Љубаништа, Ливадишта, ресторан Острово и другите угостителски објекти во Св Наум, се приклучени на канализациониот ситем во Св Наум во 2013 година, но истиот не функционира. Во фазата за отпадни води, постои само дробилица, но не постојат филтри, нема хлорирање на отпадната вода која се испушта дирекно во Езерото“. Овде се работи за пречистителната станица во Св. Наум, со која стопанисува комплексот Св. Наум. Ова не е Колекторски ситем, ова е прочистителна засебна станица. Забелешки за резултатите од оваа пречистителна станица имаше и пред некој месец, но потенцирам ова не се работи за колекторскиот систем со кој ние стопанисуваме и кој е изграден во 1987 год“, вели Алексијоски за Охрид 1.

Директорот потенцира дека Колекторскиот систем со над 85 % од капацитетот, а проблемите кои се тековни ги решаваат многу брзо.

„Сите критични точки кои беа во 2019 и 2020 со средства од државата се отпочна со санација, по периодот на КОВИД и енергетска криза немавме донација од државата, но со сопствени средства поставена е автоматика на сите градски препумпни станици која се покажа дека е потег на место посебно за невремето кое го зафати Охрид пред еден месец. Ние успеавме сета атмосферска и фекална вода во тоа невреме да ја прибериме и Охрид да на биде поплавен во целост. Работи и пречистителната станица. Имаме механичко и биолошко третирање на отпадната вода, анализите од Центраот за јавно здравје кои се прават редовно овој период покажуваат дека водата која ја испуштаме во реципиентот Црн Дрим е од трета категорија и ги задоволува критериомите за испуштање вода во реципиент“, додава директорот.

Првиот човек на ЈП Колекторски систем, открива што се прави во моемнтов за да се комплетира прочистителниот дел од Македонска страна, со што комплетно ќе се заштити Езерото.

„Во петокот потпишавме меморандум за разбирање помеѓу нас, министерство за животна средина и шпанската фирма ИДОМ. Оваа фирма е должна во рок од 10 месеци да изработи проекти и техничка документација за пречистителна станица во село Љубаништа. Во разговор со локалната самоуправа наместо проектот за Трпејца кој требеше да го направиме, бидејќи општината има напревено проект се договориме ние да направиме проект за отпадната вода од село Елшани , која во моментов преку реката дирекно се влева во Охридското Езеро. Правиме проект за Радожда до Елен Камен со засебна прочистителна станица, проект за нова пречистителна станица во Подмоље, која ќе ги третира водите од Охридскиот дел и оваа вода ќе се користи за наводнување на зелените површини  во Охрид, а не како досега за тоа да се користи вода за пиење. Треба да се напрви и ревизија на постоечкиот дел од 2015 година, кој за жал до сега не беше реализиран и истиот да се искористи за да се изврши реконструкција на пречистителната станица во Враништа. Ова значи дека конечно ќе имаме проекти со кои ќе може да аплицираме. Со овие проекти веднаш ќе се аплицира преку ИПАРД 3 програмата и према останатите европски фондови, за во најбрз можен рок да ја затвориме цела македонска страна“, додава директорот.

Од Македонска страна се прави се за да се заштити езерото, но како е од Албанска страна? Информациите говорат дека таму засега  се прави многу малку.

„Знам дека во Поградец на големо го работат колекторскиот ситем и продолжуваат према Лин. Тие имаат прочистителна станица помеѓу Тушемиште и Поградец, не е во некоја завидна состојба и не функционира како што треба но добро е што и тиа почнаа да работат на оваа проблематика“, вели Алексијоски.

Што се однесува до дневни испади и проблеми, директорот потенцира дека истите веднаш се детектирани и се санираат во најкраток рок.

„Нормално е да има испади, но нашите дежурни екипи за многу кратко време реагираат и сето тоа се санира. Пример вчера и завчера бевме известени за излевање на шахта кај пумпната станица Круша пред Пештани, и сето тоа беше санирано за 40 тине минути. Проблем беше што змија беше влезена и имаше направено краток спој на препумпната станица во Елешец. Сето тоа се санира веднаш. Вчера имавме проблем со преголема количина на вода од дефект кај Св Стефан. Дефектот беше поголем и на непристапно место, и се додека се санира   таа вода преку секундарната канализација влезе во нашиот систем со што малку повеќе не оптерети. Уклучивме повеќе пумпи и за брзо проблемот се санира“, истакна Алексијоски за Охрид 1.

извор: Охрид 1