Со набавка на неколку нови комунални возила ја подобуваме ефикасност на општинските јавни претпријатија и обезбедуваме поквалитетни услуги за граѓаните, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:
За ЈП „Нискоградба“ набавени се
• Tрактор SOLIS 75 PH со кабина и најсовремена цистерна за фекалии со носивост од 6000l во вкупна вредност од 1.623.600,00 денари со вклучен ДВВ. (Програма за „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“)
• Комунално возило – Комбе Фургон со агрегат за чистење на канализација во товарен простор со вкупна вредност од 60.640,00 евра без ДДВ. ( „Проект за обезбедување на Општина Охрид со комунално возило“ – гранд од Јапонска амбасада)
За ЈП „Охридски комуналец“ набавен е
• Трактор со кабина и плуг со ширина од 2,5 m за чистење на една коловозна лента и соларка од 1200 l со современи хидраулични решенија за ефикасно справување при падавини на снег и појава на голомразица во вкупна вредност од 1.513.638,00 денари со вклучен ДДВ. (Програма за „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“)
За ЈП „Водовод“ набавено е
• Возилото Камион кипер – марка ИСУЗУ – со двојна кабина со кој се очекува поефикасно и поекономично извршување на работните обврски на Секторот за водоснабдителни објекти. Во вредност од 4.350.000,00 денари со вклучен ДДВ. (Програма за „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“)
извор: ФБ Кирил Пецаков