АктуелноОхрид

На 15 јули 1922 г. парното вовче “Ќирчо” ги превезе првите патници од Скопје до Охрид

ДАЛИ ЗНАЕТЕ …На 15 јули 1922 г. парното вовче “Ќирчо” или како некои го викале “Пампур” бидејќи личело на чајник, ги превезе првите патници од Ханриево (денешно Ѓорче Петров) преку Групчин, Тетово, Падовина (Жеровјане), Гостивар, Кичево до Охрид (со крак према Струга и Ташмаруништа). Но и на 15 јули 1928.- Во Скопје слета првиот патнички авион „потез 29“ со кој е воспоставена првата воздушна линија на релацијата Белград – Скопје. Авионот можеше да превезува само пет патници и 290 килограми багаж, се вели во објавата на ФБ од Дали знаете…

извор: ФБ Дали знаете