Наш изборНаш ИзборОхрид

Mеѓународен Таеквондо ИТФ натпревар по највисоки стандарди “ОХРИД ОПЕН 2023”

Викендов  24 јуни 2023 во С.Р.Ц. “Билјанини Извори ”  Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ”Лескоец-Охрид го организираше меѓународниот    Таеквон-до ИТФ турнир  “ ОХРИД ОПЕН 2023”  на кој зедоја учество околу 200 натпреварувачи од 24 клуба од Чешка, Хрватска, Бих, Србија, Бугарија,Албанија и Македонија.

Изразувам  благодарност на нашиот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен што стигнавме до овај степен да можеме да организираме  натпревар од ваков калибар, а воедно и најзаслужен за одличната организација  на истиот турнир,истотака благодарност до “Општината Охрид”  што несебично ни помогна да го организираме овај турнир, благодарност и до Агенцијата за млади спорт, која со признавањето на нашиот спорт, почна да ги вреднува нашите успеси и да ни помага. Истотака благодарност на сите  што помогнаа во учество на овај турнир родители, роднини, пријатели итн, вели Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан , претседател на Македонската Традиционална Таеквон-до Федрација, поранешен светски вицешампион Прага’96. Благодарност до директорот на Агенцијата за млади и спорт, г-н Наумче Мојсоски, кој го отвори нашиот натпревар, Благодарност до градоначалникот на општина Охрид г-н Кирил Пецаков, кој и покрај силното невреме кое го имаше зафатено Охрид, покрај сите негови обврски, дојде да ни направи чест,. Благодарност до гостите кои специјално дојдоја за нашиот натпревар, , Мастер Марио Богданов носител на црн појас VIII дан, потпретседателот на ИТФ и претседател на Бугарската ИТФ федерација,кој специјално и врачи плакета на Христијана Парулеска за постигнатиот историски успех на Европското првенство во Јесоло-Италија, Мастер Емин Дураковиќ носител на црн појас VIII дан , претседател на судискиот комитет за Западна  Европа,

Организацијата беше на највисоко ниво, направивме натпревар што ретко  некој во Македонија може да се пофали дека направил таква организација, со што се гордееме читајќи ги коментарите од гостите на турнирот и од коментарите на сите очевидци. Овај натпревар го  организиравме по сите највисоки светски ИТФ  стандарди, со електронски судиски ситем, со можност за видео протест, за кој беше лично задолжен  г-н Антон Аркхипов, кој е специјален асистент на претседателот на ИТФ, заштитник за сите  податоци, а за судиската екипа беше задолжен еден од најдобрите судии во светот Мастер Вергилиј Ситнилски носител на црн појас VII дан, потпретседател на судиската комисија на ИТФ , претседател на судискиот комитет за Источна Европа, и генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација, кој со своето искуство  помогна овај турнир да тече без никаков застој и во најдобар ред, при што користиме прилика да му се заблагодариме јавно, а воедно благодарност до судиската екипа која делеше несебично правда и овозможија најдобрите да се качат највисоко на пиедесталот.

Најтрофеен клуб беше Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ”Лескоец-Охрид, осовјувајќи 3 пехари за најдобри поединци, 9 златни, 12 сребрени и 21 бронзени медали.

За најдобари клубови  на натпреварот  беа избрани

1 место:   Тим Србија

2 место:   Хваранг Фист, Охрид

3 место:   Српски Соко, Зворник БиХ