петок, ноември 15, 2024
АктуелноОхрид

Малолетници од Косово непристојно скандирале и истакнале знаме во сместувачки објект на булевар „Македонски Просветители“

На 28.06.2023 во 13.30 часот во СВР Охрид, е пријавено дека на тераса од сместувачки објект лоциран на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со непристојно скандирање и истакнување знаме или грб кој не ги содржи обележјата утврдени со закон. Во врска со пријавата, во СВР Охрид се повикани двајца малолетници од Косово, гости во објектот, со кои во присуство на нивниот раководител и со претставник од Центарот за социјални работи од Охрид, е извршен службен разговор. Од страна на полициските службеници изготвен е записник за констатиран прекршок и известен е Судија на претходна постапка по чии насоки ќе бидат преземени понатамошни мерки

извор: СВР Охрид