АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Поради невремето нема струја во пумпите на колекторскиот систем – поплава на АСНОМ

Силно невреме проследено со дожд и град со големи на орев го погоди охридско – струшкиот регион. Има поплаки за оштетени автомобили и поплавени простории. Поради невремето делови од Охрид останаа и без напојување со електрична енергија. Меѓу овие објекти и колекторскиот ситем. Во моементов поплавана е улицата АСНОМ.

Од УХМР информираат дка регионот бил зафатен од силно невреме проследено со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.