Наш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Силното невреме кое ја зафати и општина Дебарца за миг ги уништи земјоделските насади

Силното невреме проследено со катастрофални врнежи од град / вакво нешто не сум доживеал во животот/,кое денес, ја зафати општина Дебрца,за миг ја однесе во неповрат земјоделската мака.
Уште сега со сигурност можам да кажам дека штетите на земјоделските култури се 100%.Нема нешто да остана здраво.
Општината ќе ги спроведе сите стандардни постапки за пријавување на штетите,а проценката како што кажав не е ни потребна,стопостотна е.
Сепак, тоа не е решение. И во минатото сме правеле вакви постапки,но ретко кога и по години подоцна Владата исплаќала само некој симболичен надомест за штетите.
Поради тоа,уште сега апелирам до Владата и Министерството за земјоделство да се обезбедат средства од интервентниот фонд за земјоделство и да се обештетат земјоделците.
Во спротивно,ова е крај за основната егзистенција на нашите земјоделци.
И дај конечно, системски решете го проблемот со осигурувањето на земјоделските култури од вакви елементарни непогоди,кои поради климатските промени ќе бидат се почести, напиша во својата ФБ објава градоначалникот на Дебарца Зоран  Ногачески.