четврток, ноември 28, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

При претрес кај охриѓанец пронајдени куршуми кои нелегално ги поседувал

СВР Охрид поднесе кривична пријава против  лице на (63) години од Охрид поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле 33 куршуми калибар 7,9 милиметри кои нелегално ги поседувал.