Во јуни 2003 година во Ченаи, Индија, започна со работа БРЕИНОБРЕИН – првата Светска Академија за развивање на животни вештини и едукација кај деца од 4-14 годишна возраст.
???? Бреинобреин програмата успешно се спроведува веќе 13 години во Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид, како прв ваков центар на Балканот. ????
???????? Високата професионалност и искрена посветеност на нашите тренери, упорноста на децата кои ја следеле и ја следат оваа програма, како и поддршката на нивните родители придонесе нашиот центар да биде еден од најдобрите во светски рамки❗
❤️ Изразуваме голема благодарност до сите оние кои ни ја укажале довербата и овозможиле, во овие 13 години работа, преку 100 деца да ги завршат сите десет нивоа од оваа програма и кои како лидери во својата средина трасираат нови патишта за развивање на едно похумано и поефикасно општествено живеење и делување.????
???? Нашиот Центар БОБ-Црвен крст Охрид се приклучува на светската кампања и одбележување на 20 годишниот јубилеј на Бреинобреин програмата и под мотото ЗА ПОЗИТИВНО МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ КАЈ ДЕЦАТА организира Brainobrain WALKATHON, прошетка-пешачење со причина, на 11 јуни, недела, со старт во 10 ч. од Градскиот плоштад Св.Климент Охридски Охрид, до мостот кај Билјанини извори. ????????♀️????♂️
➡️ Ги покануваме сите досегашни Бреинобреин генијалци, родителите и сите оние кои се грижат за своето позитивно ментално здравје, да ни се придружат со своите деца во пешачење со причина и одмор од електронските уреди.
Црвен крст Охрид