На 13/14.05.2023 од 22.00 до 04.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид, извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 15 возачи кои управувале возила под дејство на алкохол (Охрид-08, Струга-02, Кичево-05). Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.
извор: СВР Охрид