АктуелноОхрид

Вранишката Епархија со нова хуманитарна акција за дечињата од Пустец и Голо Брдо во Албанија

Ве известуваме дека е во тек нова хуманитарна акција организирана од членовите на Православна Младина с.Враништа.Сите кои што имаате вишок мобилен телефон,таблет или лап топ кој не го користите,а се разбира,, уредите да се во исправна состојба” доколку сакате да подарите можете да донесете во нашата црква Св. Никола с.Враништа во наведениот период од 11.05. до 02.06.2023 година.Донираните паметни уреди ќе бидат подарени на дечиња наши сонародници од областите Пустец и Голо Брдо во Албанија. Како и многуте досегашни успешно завршени хунанитарни акции се надеваме за успешна реализација.Контакт тел. отец Ристе Наумоски 070 836 173 или благајник Горан Мацески 071 220 705.