АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Охридските гимназијалци доминираа на 1st NATIONAL SPACE OLYMPIАD

На 28ми април 2023 година во просториите на Касарна хаб, во беспрекорна организација на организаторите и домаќ ините, се одржа Првата национална Олимпијада за Вселената. На олимпијадата доминантно учество имаа учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ и ги освоија речиси сите награди во конкуренција на средните училишта од југозападниот регион.

Прва награда: Нина Стевоска и Горазд Блажески со темата „Супернова“

Втора награда: Нина Нелоска и Сара Ристеска со изработен стрип во предизвикот

„Патување од Земјата до Марс“ – ментор проф. Менка Г ореска

Втора  награда:  Јована  Димоска,  Јана  Петанова и Теодора Трајческа со темата:

„Истражување за BallonSat“– ментор проф. Јасмина Јанева

Трета награда: Митко Савев и Софија Милеска со темата „Човекот не е единствениот виновник за климатските промени“– ментор проф. Јасмина Јанева

Трета награда: Кристијан Шишкоски, Ева Китрозоска и Маја Наумоска со темата „Ахил и границите на Универзумот“ – ментори проф. Јасмина Јанева и проф. Марија Сиљаноска

Специјална награда INTERSTELLAR STEAM GIRLS TEAM: Јована Симоноска и Ивана Скоклеска со изработен стрип во предизвикот „Патување од Земјата до Марс“ – ментор проф. Марија Сиљаноска

Со извонредни настапи пред комисијата се претставија и тимовите: Стефани Крстиќ и Леа Дојчиноски, Мелани Котоска, Марија А. Николоска и Николина Бутеска и Ѕвездан Јончевски, Катерина Балева и Петар Јончески под менторство на Дарко Цветкоски кој, за време на презентациите, беше и техничка поддршка на сите тимови.

 

Гимназија Охрид