петок, ноември 22, 2024
ВидеаВидеоНаш ИзборНаш изборОхрид

Човекот кој спие на улица се „всели“ во кружниот тек

НАЈНОВА ВЕСТ ПОВРЗАНА СО ОВОЈ СЛУЧАЈ          ТРАГЕДИЈА – човекот кој спиеше во кружниот тек прегазен од автомобил

Кога институциите со години не превземаат ништо, за жал се случуваат и вакви тажни и нехумани појави во Охрид. Лицето кое подолго време пренесува предмети , малку покуќнина и облека на различни места низ Охрид денес почна да ги поставува своите нешта во кружниот тек на пресекот на Булевар Туристичка и улицата Абас Емин во центарот на градот.

Лицето подолго време престојува на разни места низ Охрид, одреден период престојуваше на Кеј Македонија каде зимата почна да пали и оган.

Одреден период живееше на островото пред хотелот Палас, а престојуваше и пред влез во зграда на Туристичка.

Медиумите подолго време пишуваат и апелираат на институциите да се погрижат за ова лице, кое очигледно нема дом , или не сака да живее во нормални услови и ни една институција не презеде одговорност да го смести лицето во адекватна установа каде ќе има човечки услови за живот и адекватна медицинска нега.

 

https://www.youtube.com/watch?v=Tst4oN9RiI8