четврток, ноември 21, 2024
АктуелноСвет

Кафе бар на Миконос ќе плати 33 милиони евра – oд нив, 22,5 милиони евра се казна за дивата градба, а 11 милиони евра за одржувањето на истата

Комплетната казна изречена на познат кафе бар лоциран на плажа во регионот Панормос на островот Миконос достигна неверојатни 33 милиони евра.

Од нив, 22,5 милиони евра се казна за изградба на објекти без дозвола, а дополнителни 11 милиони евра за нивно одржување. За секоја година што поминала, а сопствениците не ги отстраниле нелегалните објекти, класифицирани како дивоградби, до оваа година ќе треба да платат казна од 11 милиони евра, јави ekathimerini.com.

Сопственикот сега има право на жалба во рок од 10 дена. Откако ќе биде финализиран процесот, законот дозволува и комплетно затворање на компанијата, доколку сопственикот не пристапи кон уривање на дивоградбите/неовластени објекти. Според инспекторите површините што треба да се урнат надминуваат 500 метри квадратни.

извор: ekathimerini.com.