сабота, ноември 23, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ВИДЕО) Ново „жешко“ место во Европа, е епитетот кој е даден за Охрид во британското утринско шоу „This Morning“

Во видеото кое на социјалните мрежи го објави охриѓанката Slagjana Mančić Johnson се прикажани дел од убавините на градот и се испраќа покана до сите да го посетат Охрид.

Новото „жешко“ место за посета на Европа. Вака новинарите на Британската ITV во утронското шоу „This Morning“ го опишаа преубавиот Охрид во репортажата која беше емитувана на нивната програма.

Во директното вклучување, Охрид, Скопје, но и целата наша земја се претставени како дестинации со недопрени убавини и „budget friendly“ локација за туристите.

– Прекрасни планини, преубави езера, Национални паркови исполнети со диви животни. Македонија е туристичката дестинација во Европа која доаѓа и е достапна за сите, порача новинарот Craig Doyle во јавувањето во живо од Охрид.

Тој најави и повеќе претставувања во текот на наредните недели со материјалот кој е снимен во Охрид и Република Македонија.

 

ohridpress.mk