недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

Пријава за вработен во НП „Галичица“ кој дозволил бесправна сеча на 377 стебла

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63-годишен маж од охридското село Љубаништа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

– Во текот на 2022 година, пријавениот, како вработен во Националниот парк „Галичица“, ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што на катастарски парцели во владение на Национален парк „Галичица“ свесно дозволил бесправна сеча на 377 стебла и со тоа се стекнал со противправна имотна корист во износ од 114.150 денари, информираат од МВР.

 

извор: МВР