недела, ноември 24, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Лажна е дојавата за бомба во Охридскиот суд – вработените се вратија на своите работни места

Завршија потребните проверки.  Дојавата за бомба во Охридскиот основен суд е лажна. Вработените се вратија на своите работни места.

Инаку Денеска во 07.50 часот во СВР Охрид пријавено e дека на електронската адреса на Основен суд Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава од полициски службеници ги презедоја сите мерки за безбедно евакуирање на објектот по што веднаш се спроведе се антитерористичка проверка.

Од како стигнала дојава дека во Основниот Суд во Охрид има подметната бомба, полицијата ја затвори за сообраќај улицата Македонски Просветители во центарот на Охрид и спроведе евакуација на зградата на судот.

извор: Охрид 1