сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

Во Охрид се делат хуманитарни пакети со фотографија на бугарскиот цар Борис III

Членовите на бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид, на нивниот профил на Facebook објавиле фотографии од хуманитарните пакети, кои ги делат на посиромашни семејства од Охрид. Заедно со прехрамбените производи делеле и поголема фотографија на бугарскиот цар Борис III.

Читатели на OhridPress, кои ја доставија фотографијата до нашата редакција се видно огорчени и револтирани и реагираат дека, според нив, се злоупотребува оваа ранлива категорија наши сограѓани.

– Не ја почитуваат маката на нашите посиромашни сограѓани. Преку донација во храна им се продава оваа бугарска приказна. Тоа е срамота и тоа е грев пред Бога, велат во дописот.

Наводно донацијата била од бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски и неговата Фондација „Бугарска Меморија“.

извор: ОхридПрес