сабота, ноември 23, 2024
АктуелноВидеаОхрид

Со блокирање на патот Струга – Дебар, жителите од Лабуништа го искажаа револтот против отпочнувањето со работа на два од деветте каменоломи во селото

DCIM100MEDIADJI_0025.JPG

Со блокирање на патот Струга – Дебар, кај местото викано кореа, жителите на струшкото село Лабуништа денеска го искажаа револтот против отпочнувањето со работа на два од деветте каменоломи во селото, Објави Спектра.

Побараа од Владата и Министерството за економија да им ги одземе концесиите и двајцата концесионери да престанат со ископите, кои, како што тврдат го загрозуваат нивното здравје, за тоа доставиле и докази во кои, според нив, има основ за одземање на концесиите еднострано. Доколку институциите не преземат соодветни мерки најавија радикализација на протестите и не пуштање на децата во училиште во второто полугодие.

Јасмин Ќазимоски од Месната заедница Лабуништа тврди дека Министерството за економија и Владата се детално запознаени со проблемот. Со одлука на Влада во 2020 година беа укинати концесиите за сите каменоломи, но Управен суд со пресуда ги вратил концесиите на двајца концесионери.

– Бараме од Министерството за економија повторно да постапува по нашите барања, но бидејќи нивниот интерес е многу мал, ние како Месна заедница и здружението Натура Лаб обезбедивме сериозни докази за повеќе прекршувања на законите за минаерални суровини и за концесии, вели Ќазимоски.

Цитирајќи дел од Законот за концесија за можноста за одземње на концесија доколку концесионерот ги изгуби економските способности, посочи дека еден од концесионерите е голем даночен должник со неплатен данок од 35 милиони денари.

– Истиот концесионер во каменоломот работи со друга фирма што соглансо законот е основ за едностран раскин на договор. Другиот концесионер и покрај што концесијата изнесува 77.000 метри квадратни излезе надвор од грнаиците на концесијата, што согласно закон, член 51 е основ за одземање концесија. Бараме од владата на Република Северна Македонија и Министерството за економија итно постапување и затворање на каменоломите со цел да обезбедиме здрава животна средина, чист воздух и подобра иднина за нас и идните генерации, рече Ќазимоски.

Текстот во целост на: Спектра.