АктуелноОхрид

ВМРО ДПМНЕ: Фолирантите Левица, заедно со СДС и ДУИ не го гласаа буџетот на општина Охрид за нови мега проекти

Фолирантите Левица, заедно со СДС и ДУИ не го гласаа буџетот на општина Охрид за нови мега проекти, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата сами го изгласа буџетот на општина Охрид за 2023 година, кој предвидува пари за реализација за комплетна реконструкција и уредување на влезот на Охрид страна на Битола, како и реконструкција на улиците „Гоце Делчев“ и „7-ми Ноември“. Левица, СДС и ДУИ беа и против нова спортска сала во селото Лескоец, како и против две мултифункционални игралишта и 15 детски игралишта на повеќе места во општината. Коалицијата СДС, Левица и ДУИ беа против нови водоводни и канализациони системи во скоро секое населено место во Охрид. Само заради советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе има стипендии за успешни ученици и победници на државни натпревари, како и стипендии за деца со ретки болести, реагираат од партијата.

Додаваат дека СДС, Левица и ДУИ беа против нова опрема и механизација во јавните претпријатија, но и против за еднократна помош за деца во згрижувачки семејства.

– Коалицијата СДС, Левица и ДУИ е коалиција на криминалот, нивен лепак се матните зделки, затоа се против проектите кои носат развој, стои во дописот.

извор: ВМРО-ДПМНЕ