АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања „Св Стефан“ зајакната со уште еден специјалист кардиолог – Д-р Виолета Мојсовска

Над 15 години интервентна кардиологија во Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања „Св Стефан“. Растот на бројот на изведени процедури и видот на сложеноста на интервенциите кои се изведуваат е возможен само преку растот на тимот на оваа регионална болница, кој макортпно се вложува за секоја интервенција. д-р Виолета Мојсовска е дел од овој тим. Д- р. Мојсовска е пример што значи да се биде успешен кога се работи со љубов. Од денеска оваа млада докторка се искачи уште едно скалило повисоко на успехот. Д- р. Мојосвска веќе е специјалист кардиолог.

Честитки до д-р Мојсовска која е посебно позната и по стручноста но по пристапот кон пациентите, меѓу кои е и омилена.

Посебно радува фактот што во време кога младите кадри се иселуваат од државава, и медицинските установи кубурат со кадар, ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – “Свети Стефан” е пример за центар каде има екипиран и стручен тим, кој постојано се надградува и усовршува.

 

Во продолжение може да прочитате интервју со д-р Мојовска дадено за Охрид 1 минатата година.

Д-р Мојсовска: Во кардиолошкиот завод беа згрижени најкомплицираните пациенти со КОВИД 19, нашиот тим успеа над 20% од нив комплетно да ги опорави