Охрид

Инцидент во центарот на Охрид – лице вознемирувало жена, па семејството го претепало

Инцидент во центарот на Охрид. Дознаваме дека едно лице се јавувало по телефон и навредувало жена, по што се договориле со фамилијата да се најдат во центарот на Охрид и да разговараат. Но, наместо да се расчисти недоразбирањето, лицето кое ја вознемирувало жената со безбол палка оштетило неколку автомобили, по што семејството од вознемируваната жена го претепале.

Во моменов инволвираните во инцидентот се во СВР Охрид, а полицијата врши увид на местото на инцидентот.

Поради инцидентот затворен за сообраќај е дел од улицата Абас Емин.

 

извор: СВР Охрид