АктуелноОхрид

Петковска кон Лазаревска : “За вас колешке, најголем успех во образованието е учебната година да почне навреме, па макар и без учебници!

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Лидија Петкоска, на нејзината колешка, исто така пратеничка од Охрид, но од СДСМ, Жаклина Лазаревска, ѝ го подари Отчетот од Општина Охрид за да, како што рече пратеничката Петкоска, видат и да учат како се работи!

Петкоска на Лазаревска и порача дека Буџет се гледа според реални бројки и според реално сработеното, а не според надежта дека ЌЕ се сработи!

“За вас колешке, најголем успех во образованието е учебната година да почне навреме, па макар и без учебници. Основните и средните училишта во Охрид ги презедовме со вкупен долг од над 13 милиони денари, а сега тој долг е 0! Зошто? Затоа што сега се работи посветено, одговорно и домаќински! За прв пат образовните институции во Охрид учебната година ја започнаа без долгови, а при тоа: на сметките на 542 родители на деца од прво одделение се исплатени по 3.000 денари финансиска поддршка! Се доделија ученички и студентски стипендии, како и стипендии за лица со посебни потреби и ретки болести! И овде потенцирам дека се исплатени, а не ЌЕ се исплатат или се предвидува да се исплатат! Тоа е ваш начин на работа, односно неработа! Шест години не можевте да го реконструирате само кровот на средното училиште “Ванчо Питошески”, а инвентарот стоеше буквално фрлен во училиштниот двор и беше оставен да скапува! Ги одбивте нашите амандмани под изговор дека општините биле надлежни за проектите! Сега ќе ви ги кажам вашите двојни аршини! Додека Охрид го очекува планот за управување со охридското крајбрежје кого треба да го изработи Агенцијата за просторно планирање и Министерството за транспорт и врски, истата агенција го изработи ГУПот за Општина Крива Паланка и се пофаливте дека го финансирала владата! Зошто општина Охрид требало сама да ја носи урбанистичко планската документација, а за Општина Крива Паланка истата ја донесе Агенцијата за просторно планирање, а ја финансираше владата. Доста си поигрувате со интелигенцијата на граѓаните! Охриѓани не забораваат! Охрид не смее да трпи како туристички центар заради вашата неспособност! Затоа охриѓани ќе ве казнат и на предвремените парламентарни избори со двојно поголема казна од таа што ја добивте на локалните избори! Денот за одговорност е сѐ поблиску”, нагласи пратеничката Петкоска.

 

ohrid24.mk