четврток, ноември 21, 2024
АктуелноОхрид

Започнува изложба „Пикасо можеби јас“ и „Недела на шпански филм“

Вечерва со почеток во 18 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ започнува изложба „Пикасо можеби јас” од македонскиот уметник Филип Фидановски и „Недела на шпански филм”.
Во рамки на „Неделата на шпански филм“ ќе бидат прикажани филмовите „Шампиони“од режисерот Хавиер Фезер, „Тајната во нивните очи“ од режисерот Хуан Хозе Кампанела и „Лесно е да се живее со очи затворени“ од режисерот Давид Труеба.
Проекциите ќе започуваат во 19:00 часот, а влезот е бесплатен, информира во својата ФБ објава градоначалникот Кирил Пецаков.