Таксисти од Охрид реагираат до Охрид1 дека останале без паркинг во центарот на градот. Тие велат дека полицијата не воспоставува никаков ред на паркингот каде тие треба да стојат и да работат и сега тука паркираат сите кои ќе најдат слободно место.
Таксистите апелираат до сообраќајната полиција да преземе мерки за воспоставување ред, и да го ослободи просторот предвиден за нив.