недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

Престижната „Makeup influencer Award“ во рацете на Охриѓанката Мери Бајрамовска

Во организација на највлијателното списание за жени „Убавина и здравје“, во Ederra Rooftop во Скопје, синоќа се одржа четвртото издание на престижната манифестација U&Z Influencer Awards.

Наградата за Makeup influencer Award ја доби нашата сограѓанка Мери Бајрамовска, позната како Makeup by Meri која ги поставува највлијателните трендови во шминкањето последниве 10 години.

– Да токму така шминката е уметност ,а уметоста е како љубовта, не можете да и ставите крај кога ќе ви затропа на срцето.
Благодарам Ubavina & Zdravje за наградата ,ова ми преставува голема чест и потик да продолжам понатаму со полна пареа ❤️ Ве сакам, напиша Бајрамовска на својот ФБ профил.

За неа и нејзината работа пишуваа и светските познати медиуми како престижниот Dailymail и многу други.

фото: ФБ Мери Бајрамовска