Синоќа во просториите на охридската Гимназија се одржа втората самостојна изложба од младата Нина Ангелоска, каде беа изложени фотографии од Охрид. Изложбата е насловена „Охридски регион, универзален, духовен и природен раскош“ а посветена на Др. Драган Спасески.
Промотор на изложбата беше Смиле Нумоски Брсјак, кој помеѓу другото ги истакна заложбите и внесениот труд на оваа млада фотографка, а свое обраќање имаше и секретарот на општината Александар Китески.