Со асфалтирање на потегот каде претходно се изведуваше нова фекална канализација се заокружуваат градежните активности на улицата „Даме Груев“. Целиот потег каде се работеше е вратен во првобитна состојба.
Старата и нефукционална фекална канализација се замени со нова, која се стави во фунцкија за жителите од овој дел од градот.
Вредноста на проектот е 900 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, информира во својата објава на ФБ градоначалникот Пецаков.