АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Амбасадорката Агелер ја посети и црквата Света Богородица Перливлепта – обновена со донација на САД

Амбасадата на САД објави пост поврзан со посетата на Амбасадорката Ангела Агелер на Охрид во кој се се зборува за големата донација на САД за спас на Православната црква Света Богородица Перивлепта во Охрид, во висина од 650 000 долари, како и за средбата со градоначалникот Кирил Пецаков.
Во постот стои: Во рамки на посетата на Охрид, амбасадорката Агелер направи кратка обиколка на градот и ја посети црквата Света Богородица Перивлепта. Црквата Перивлепта доби грант од 650.000 американски долари од Амбасадорскиот фонд за зачувување на културата (AFCP) во 2009 година за стабилизирање на црковната архитектура и заштита на фреските од 13 век. Амбасадорката Агелер претходно во текот на денот се сретна и со градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.