Детската поетска мисла е предизвик и ништо не може да ја сопре за да се претвори во извор и да се разлее во некоја замисла. Преку детските творби, продолжува творечката нит. Ученичката Надица Тасеска од ООУ „Кочо Рацин“ изминатиот период освои грст литературни награди под менторство на наставничката Фила Вероска-Стојковска.
Републичкиот детски литературен фестивал „Ракатки 2022“, оваа година го прослави своето полнолетство. Искажувајќи ја својата бесконечна љубов кон родниот крај, осмоодделенката Надица Тасеска освои прва награда со својата поетска творба.
Прва награда освои и на литературната манифестација „Жуборења од Радика 2022″, која беше збогатена со културно-уметничка програма, рекански фолклор и традиција. На истата манифестација, втора награда освои осмоодделенецот Петар Илоски.
На десетти и единаесетти ноември, Велес ги отвори своите шимшир порти за сите Рацинови следбеници кои твореа на тема „Рацин – поет на болката и љубовта“. На 55.Детски Рацинови средби, Надица освои прва награда на литературниот конкурс во категорија основни училишта.
Нека се множат награди!