Голема е радоста на овој прекрасен празничен ден, кога ја славиме слободата на нашиот Охрид, што бев дел од неповторливата атмосфера, исполнета со весел џагор и најубави детски насмевки, кои ни ја милуваат душата и ни ги топлат срцата.
Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам срдечни честитки по повод патрониот празник на Детската градинка „Јасна Ристеска“ со желби за уште многу успешни години, значајни јубилеи и долга низа на нови генерации, напиша градоначалникот во својата ФБ објава.