По повод празникот Положување на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна15.07.2026г., Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј, ќе богослужи и ќе проповеда, во манастирот „Пресвета Богородица“ – Заум, со почеток во 08:45 часот.
Исто ве известуваме дека ќе има организиран превоз од градското пристаниште со бродот Александрија во 7:30 часот, а од селото Трпејца ќе има организирани кајчиња од местор викано На дол.













