АктуелноОхрид

Автомобил излета од коловозот кај клучката кај Подмоље, нема информации за повредени

 

Автомобил денеска излетал од коловозот на клучката кај Подмоље, на делницата што ги поврзува правците Охрид–Кичево и Охрид–Струга. Според првичните информации, возачот не успеал безбедно да ја совлада кривината при исклучувањето и престројувањето кон Струга, по што возилото излетало надвор од патот.

 

На местото на настанот е причинета материјална штета на возилото, а засега нема официјални информации за повредени или настрадани лица.

 

Надлежните служби се очекува да ги утврдат причините и околностите под кои дошло до оваа сообраќајна незгода. Возачите се повикуваат на зголемена внимателност, особено при движење низ клучките и делниците со остри кривини.