На 29.10.2022 околу 19 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од ОВР Кичево, извршија претрес во домот на лице на (34) години од кичевското село Зајас.
Притоа, пронајдени и одземени се предмети со остатоци од бела прашкаста материја, 4 куршуми различен калибар, 6 најлонски паковки со марихуана, од кои 5 се пронајдени во паркирани патнички автомобили „мерцедес“ и „опел астра“, како и други предмети. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид