АктуелноОхрид

Градоначалникот Пецаков со честитка кон добитникот на Светската награда за хуманизам

Денеска кога се поклонуваме во чест на Св. Климент Охридски во куќата на Уранија се одржа свечена церемонија на која се одбележаа 35 години од формирањето на Охридската Академија на хуманизмот. Пред државниот врв, ехцеленции и светската културна елита беа доделени Светската награда за хуманизам на проф. д- р Кристоф Бенедиктер и Повелбата на хуманизмот на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан по повод 40 години од неговото замонашување.
Има ретки места во Светот каде што историјата, духот и природата се толку длабоко испреплетени што самиот камен и езерото зборуваат за вечноста. Охрид – нашиот свет град со векови е лулка на словенската писменост, култура и духовна светлина. Уште од времето на Св. Климент Охридски овој град е седиште на мисионери кои градат мостови меѓу луѓето, тие го палат светилникот на знаењето како вечен извор на човечноста.
Почитуван д-р Бенедиктер, Ви ја честитам Светската награда за хуманизам. Ви посакувам добро здравје и уште многу години инспиративна работа во ширењето на хуманистичката мисла.
За мене е огромна чест и привилегија во името на сите наши сограѓани што ја врачив Повелбата по повод четири децении од замонашувањето на Господин Господон Стефан. Четридеценискиот духовен подвиг, истрајност и посветеност на црквата и народот се духовен светилник и инспирација за сите нас. Ви посакувам добро здравје и уште многу години успешно да ја раководите нашата света Македонска православна црква- Охридска архиепископија.