АктуелноОхрид

ЕУ вечерта на „Охридско лето“ го носи концертот „Последната роза на летото“

„Последна роза на летото“ е насловот на програмата што вечерва ќе биде изведена на
Вечерта на Европската унија која традиционално се одржува секоја година како дел од
фестивалот „Охридско лето“.

 

Во црквата „Света Софија“ од 21 часот концерт ќе имаат ирскиот виолинист Дејвид Тобин,
пијанистот Фингин Колинс, исто така од Ирска, како и унгарско-ирската флејтистка Јохана
Кезеи.

 

На програмата ќе бидат изведени: Соната за виолина и пијано e-moll оп. 82 од Едвард Елгар,
Соната „Ундине“ за виолина и пијано од Карл Рајнеке, Ноктурно бр. 18 „Пладне“ за соло пијано
од ирскиот композитор Џон Филд, Арија на Ленски од операта „Евгениј Онегин“ за флејта и
пијано од Петар Илич Чајковски и Фантазија и варијации на тема „Последна роза на летото“ за
виолина и пијано од композиторот Вилијам Винсент Волас

 

Вечерта на Европската унија деветнаесетта година по ред се организира на фестивалот
„Охридско лето“ со поддршка на Делегацијата на Европската унија во Р.С.Македонија.