среда, ноември 27, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Од утре зимски распоред на летови од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид

Со зимскиот распоред на летови што почнува утре, на 30-ти октомври 2022 година, од охридскиот аеродром ќе има вкупно седум редовни дестинации, до каде ќе летаат четири авиокомпании.

Охридскиот аеродром има редовен сообраќај во текот на целата година, со висок пик во летните месеци поради туристичкиот карактер на аеродромот – односно поради фактот што опслужува туристичка дестинација. За нови линии – постојано имаме состаноци и преговори со авиокомпаниите, но додека немаме официјална потврда од нивна страна, не можеме да објавиме нова авиолинија. Штом имаме, ќе ја информираме јавноста, изјави за МИА Метин Батак, генерален директор на „ТАВ Македонија”.

На охридскиот аеродром, најфрекфентна дестинација за патување е Виена со 17,9 проценти пазарен удел, потоа Базел (15,4%), Цирих (13,9%), Малме (10,3%), Меминген (10,2%), Амстердам (9,2%), Фридрихсхафен (8,7%), Дортмунд (7,8%), а останатите дестинации се со пазарен удел од 1,4 проценти.

Во првите девет месеци од годинава на двата аеродрома има зголемување од 82 проценти на патничкиот сообраќај во однос на истиот период од 2021 година, а намалување од 9,6 проценти кај карго сообраќајот. На двата аеродрома во државава од јануари до крајот на септември годинава се превезени над 1,8 милиони патници (1.811.168) и се реализирани 14.823 летови.

Зимскиот распоред на летање ќе биде во сила до 25-ти март следната година. Патниците можат да го проверат на: skp.airports.com.mk и ohd.airports.com.mk.

 

МИА