Ова не е Охрид сред сезона, ова е ул.7 Ноември бр.270, вчерaвечер, 12.10.2022 година. Со денови неиспразнети којтењери, а наспроти зградата се наоѓа дива депонија која не е исчистена со години, се вели во реакцијата од Левица ЛО Охрид.
Во истата од партијата додаваат:
Додека охриѓани реагираат на нечистотијата во градот, ЈП Охридски комуналец има ангажирано приватна комунална компанија ,,Грин- тим” од Битола, за собирање смет, метење и миење на улици, со договор, вреден 154 илјади евра.
ЛЕВИЦА потсетува дека ЈП Охридски комуналец е јавно претпријатие организирано за извршување комунални дејностина територијата на општина Охрид. Нивниот спектар на активности опфаќа одржување на јавна чистота во градот и приградските населби.
извор: Левица ЛО Охрид