сабота, ноември 23, 2024
Актуелноглавни-вестиНаш ИзборНаш изборОхрид

Адвокатот Стојан Велјаноски MVP на „Адвокатските спортски игри“

Адвокатот Стојан Велјаноски беше прогласен за најкорисен играч на игрите или MVP, на овогодинешните  „Aдвокатски спортски игри“ на кои адвокатите од различни адвокатски заедници и апелациони подрачја се натпреваруваа во повеќе дисциплини.
Игрите се одржаа во Струга, а на најуспешните екипи и поединци им беа врачени пехари од страна на претседателот на АКРСМ, адвокат Љубомир Михајловски.

Во дисциплината кошарка, и во женскиот и во машкиот табор, победници беа тимовите од адвокатските заедници од Скопје.

Во дисциплината фудбал – мажи, првото место го поделија АЗ Охрид и АЗ Прилеп.

Во куглање најуспешен помеѓу жените беше тимот на  апелационото подрачје Гостивар, додека помеѓу мажите тимот на АЗ Струмица.

Првото место во влечење јаже го понесе АЗ Струга.

Во  дисциплината шах, првото место помеѓу жените го освои адвокатката Златка Денковска од Скопје, а помеѓу мажите адвокатот Виктор Стојановски од Тетово.

Во дициплината пинг понг, пак, првото место помеѓу жените го освои адвокатката Љубица Билбилоска од Тетово, додека помеѓу мажите Владимир Николоски од Гостивар.

На спортските игри кои беа едни од најбројните досега, адвокатите Кирил Анчевски од Скопје, Васко Трпески од Гостивар и Славчо Батковски од Охрид иако се здобија со повреди, во духот на борбеноста и истрајноста останаа да ги бодрат своите колеги до крај.

Претседателот Михајловски кој се обрати на настанот, истакна дека спортските игри ги сплотуваат адвокатите кои во спортот се покажаа како солидарни, борбени, но фер играчи, вредности кои, како што рече, треба да ја водат напред и професијата.