„Ќе дојт време да се мешет варошани и месокастрани“.
Вака охридскиот историчар и архивист Никола Митровиќ- Бабе го претставува своето прво драмско дело, драмата „Порта“.
– „Порта“ преставува прво мое драмско дело кое е инспирирано од вистински случки и настани низ минатото на градот Охрид. Ривалството и забраните помеѓу двете охридски маала во многу нешта можат да се проследат од денешен аспект како комични или трагични но несомнено вистинити. Оваа драма е дел од трилогијата која ја започнав за градот Охрид во 2012 година со документарна изложба, монографија и на крај драма. Со почит кон Охрид и неговото минато, напиша Митровиќ- Бабе.
Промоцијата ќе се одржи во сабота, на 15-ти октомври 2022 година, со почеток во 11:00 часот во кафе бар „Аквариус“.
извор: ФБ Никола Митровиќ Бабе