Ноќеска на Кеј Македонија во Охрид вандализирана е една од типизираните куќарки за продажба на храна.
Куќарката е превртена, а оштетени се и два фрижидери за продажба на сладолед. Случајот е пријавен во Полиција.
Дивјаштвото, деструкцијата и уништувањето на секое јавно добро во Охрид е стил на живеење, кој секогаш со години идецении минува неказнето од институциите надлежни за тоа.
ФОТОГРАФИИ ОД МЕСТОТО