Во просториите на нашата Гимназија од 1 до 6 септември се одржа Летната гитарска Академија. Оваа Академија беше организирана од Здружението на класични гитаристи Тремоло-Скопје. Се одржаа мастеркласи и предавања за солисти и педагози. Предавањата ги држеа музичките педагози Стефан Шмидт ( Stefan Schmidt )од Германија, Зоран Аниќ од Србија и Дарко Багески од Македонија пред ученици и студенти од Србија, Хрватска и Македонија .
Дарко Багески е истакнат македонски солист по класична гитара, кој настапува низ светот повеќе од 25 години. Музичката критика, како и публиката, ја оценуваат интерпретацијата на овој гитарист како особено впечатлива бидејќи како што ќе биде забележано „тој со својата вдахновеност и емоционалното доживување во претставувањето на делата, успева да допре до секој слушател“.
Багески е роден 1981 година. Тој вонреден професор по гитара на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Својот професионален пат го започнал во родниот град, потем матурата ја славел во Средното музичко училиште во Загреб, а дипломирал на Високата школа за музика „Франц Лист“ во Вајмар, Германија. Магистрирал на Државниот конзерваториум за музика во Солун, а се едуцирал кај еминентни професори по класична гитара како прочуените Џевдет Сахатџија, Герхард Рајхенбах, Јурген Рост, Костас Коциолис..
извор: Охрид 1